Честитка од СВР Охрид по повод празникот Рамазан-Бајрам

По повод празникот Рамазан-Бајрам, СВР Охрид упати честитка до сите граѓани од муслиманска вероисповед.  Во честитиката стои:

„По повод празникот Рамазан Бајрам, до сите верници од исламска вероисповед упатуваме искрени честитки за среќно и долговечно празнување на големиот празник.  Посакуваме светиот муслимански празник да донесе здравје, среќа, чиста мисла, почит и толеранција, личен и семеен просперитет и благосостојба.

Како служба, длабоко сме убедени дека со единство и заедничка верба во поубава иднина, градиме стабилна, безбедна и демократска држава што  се темели на целосно почитување и унапредување на основните човекови права и слободи и на вистинските вредности  во општеството.

Блискоста со сите граѓани, законитоста, неселективната работа, професионализмот, транспарентноста и отчетноста се основните постулати врз кои почива нашето работење  кон изградба на стабилен безбедносен систем што успешно ќе се справува со  новите безбедносни предизвици.“– стои во честитиката на СВР Охрид.