Генерациска средба во Велгошти (30 години од полуматура)

Најголемиот летниковец во непосредна близина на најубавите, кристално чисти, бистри и студени води од изворите кај манастирскиот комплекс Св.Илија во селото Велгошти, едвај успеа да ја собере и заштити од пресилното 27-јулско сонце 2014 лето господово, надополнето со врелата мешана скара, проследена со неодоливиот ладен како камен шприцер, крајот зачинет со превкусна торта, (самиот почеток со VELGOSKA HOT WATER или по нашки РАЈЧИЈА и шопска салата, специјалитет изненадување, ЃОМЛЕЗЕ ала ВЕЛГОШТИ од велемајсторот Љупчо), поголемата група на велгоштани, од кои за посебна почит е присуството на нашиот другар Тони Шапкароски (СР Германија), како и нашата школска другарка Билјана Речкоска (Австралија), кои со своето присуство дадоа посебен шмек на оваа средба на генерацијата и одбележување на 30-години од полуматура (генерација ‘83/’84 год.) во училиштето (тогаш) ОУ„Коле Неделкоски“, а сега ОУ „Живко Чинго“ од село Велгошти.

Целодневното дружење на генерацијата (од 11ч.до 18ч.), како да беше недоволно за навраќање на старите спомени и сеќавања од училишните денови, па затоа генерацијата закажа средба за следната година на истото место, во истиот состав (на сите им посакувам сè најдобро, а пред сè добро здравје, па догодина пак да се видиме).

Прекрасната атмосфера и високото расположение, цело време го одржуваа музичарите Никола (Коки), др.Тони и се разбира нашиот бисер Јован (полжавче), кои вообичаено беа на висина на задачата.

Посебен поздрав до нашите учителки од 1 до 4 одд. Велика и Злата и класните раководители од 5 до 8 одд. Ристо и Слободанка, кои од здравствени причини оправдано не беа во можност да присуствуваат на оваа наша средба за незаборав.

На крај да не заборавам дека иницијативата и беспрекорната организација на оваа несекојдневна средба и дружење беше на Лазар Крлески, за што најискрено му честитам и заблагодарувам во името на сите присутни.

дипл.ел.инг.ИЕ&А

Златко Китрозоски