Членови на литературниот клуб „Григор Прличев“ при НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, од 30-ти јули до 1-ви август учествуваа на традиционалниот поетски митинг во Куманово.
Од литературниот клуб „Григор Прличев“ Охрид, во Куманово гостуваа Мирко Томовски, Даниела Илијоска, Трифун Ѓорѓиески.
Додека во Монографијата која ја објавуваат кумановските поети, се објавени творби на уште четворица членови на литературниот клуб „Григор Прличев“, Диелза Речи, Лидија Стефановска, Маја Мојсова и Гоце Ѓоршовски.
Во монографијата покрај песните на поетите од останатите македонски градови, се објавени и следните творби, на членови на литературниот клуб „Григор Прличев“:
Мирко Томовски – „Татковина“ и „Не буди го сонот“
Даниела Илијоска – „Прашина на заѕвонетото ехо“ и „Шшшшшш…“
Трифун Ѓорѓиески – „Добра душа“ и „Мојата книга“
Диелза Речи – „Љубовта“ и „Јас и Дождот“
Лидија Стефановска – „Ќе ја вратам радоста на малите нешта“
Маја Мојсова – „Замрзнати желби“
Гоце Ѓоршовски – „Убав ден“
Настанот беше во организација на Друштвото на писатели од Куманово и директорката на друштвото, Божана Трајковска, кои ја зацврстуваат соработката со литературниот клуб „Григор Прличев“ од Охрид.
Во рамките на поетските активности, се читаше поезија на мегалитската опсерваторија Кокино во близина на Куманово, а имаше и поетска средба на Пелинце.
Меѓународната поетска манифестација „Кокински мугри“ е вистинско уживање за поетите посетители, затоа што се читаат дела во зори пред да изгрее сонцето.