Проект за развој на туризмот во областа на слободното летање со параглајдери и делтаплани во Република Македонија

АППТМ – Агенција за промоција и Подршка на Туризмот на Македонија за основната цел има, иницирање на поинтензивен развој на туризмот во сите свои сегменти на и што поуспешно да ја промовира државата преку туризмот . Оваа гранка станува се позначаен фактор за развојот и двигател на стопанството. Неизмерното богатство на културни знаменитости, богатата историја, природното и културното наследство ја вбројуваат меѓу државите, кои во последно време бележат најбрз пораст на посетители. Во правец на реализација на тие задачи е креирање и реализирање на проекти за развој на разните типови на туризам за кои Македонија има извонредни предиспозиции да се создаде препознатлива туристичка дестинација , преку развивање квалитетна туристичка понуда, зачувавајки ја животната средина да остане пријатна како за туристите така и за локаното население.

Параглајдерството е авантуристички, рекреативен и натпреварувачки спорт. Параглајдерот е направа која му овозможува на човекот преку техниката на слободно летање, движењето на ветерот и топлиот воздух да доживее авантура , да види извонредни глетки и се врати задоволен со извонредни доживувања. Извонредните природни предиспозиции во Македонија овозможуваат да иницираме поинтензивен развој на туризмот и во исто време развој на параглајдерскиот спорт во Република Македонија.

Главната цел на овој проект за развој на параглајдерството е популаризација, привлекување на туристи зголемување на безбедноста, а воедно и подобрување на техничките условите за летање со параглајдери и делтаплани во Република Македонија. Со реализација на овој проект ќе се збогатат спортско-рекреативните содржини и ќе се потикне развојот на туризмот . Македонија со својата умерена клима, високите планини, и езерата и многуте сончеви денови , овозможува голем број на летачки денови и со тоа е еден од најатрактивните терени за летање со параглајдери во регионот и пошироко.

За да се развива овој спорт а со тоа и туризмот неопходно е да се реализираат повеќе активности што ќе овозможат подобрување на условите и безбедноста.

-Регисртација и уредување на сите места за полетување -полетувалишта и слетувалишта

-Печатење на рекламен материјал-брошури и водич ( книга ) -Изработка на web-site за летањето во Македонија

-Инсталација на потребна опрема: ветрокази, вратило за подготвување, поставување на метеоролошки станици

Преку метеролошките станици користејќи компјутер или смарт телефон туристите и спортистите , како и сите љубители на планински активности, ќе можат да ги добијат потребните информации за временската состојба и временските услови.)

-Партерно уредување на полетиштата и поставување на патокази и мапи за информирање на туристите и такмичарите

АППТ по изготвување на овој проект понуди партнерство на УСАИД кои се вклучија безрезервно во реализацијата. Како избор на локации за отпочнување со проектот беа дефинирани најатрактивните локации: Крушево , Галичица , Прилеп и Попова Шапка . Првата локација – Крушево , се уреди според предвиденото и дефинираните светски стандарди во пресрет на одржување на едно од 6 таквичења во светот за „Светски куп „ во параглајдерство кое успешно се одржа во Крушево на кое такмичење учествуваа над 140 натпреварувачи.

Официјално полетиштето го пуштија во употреба Директорот на АППТ Др.Кристијан Џамбазовски, Претставникот на УСАИД.-Џејмс Стаин, Градоначалникот на Општина Крушево Ѓорѓи Дамчевски и Директорот на Центарот на пелагонискиот плански регион Емилија Геровска

Со цел Крушево да се афирмира како атрактивна туристичка дестинација и како дестинација за „ADVENTURE„ ( активен ) туризам во склоп на проектот се организира кампања „Откриј го Крушево „ во која активно се вклучија и Општина Крушево и Центарот за Развој на Пелагонискиот Регион и заеднички се организира еднодневен настан со многу содржини за потребите на сечиј вкус и потреба на кој имаше голем број посетители ( прошетки , посети на музеи, возење на велосипеди, презентирана традиционалната храна, сувенири , ракотворби и музички хепенинзи, и полетувања со параглајдер во тандем за туристите.

Уредено полетиштето на Мечкин Камен во Крушево со соодветни ознаки и мапи

Како успешен модел и добар пример со Крушево , проектот продолжува да се реализира на следните предвидени локации акако прва наредна е полетичтето и слетиштето во Прилеп .

Со овој и со ваквите проекти АППТ сака да ја постигне целта за Развивање на туризамот во Македонија, кој ќе се гради врз препознатливост и конкуретност на туристичката понуда на меѓународниот пазар а ќе се темели на богатото културном,природно наследство, хармонично уредени простори , зачувани традиции, развојот на животната средина за траен туризам и развој на атрактивни, конкурентни продукти за препознатливите целни групи.