По вчерашното пријавување за забележано паднато машко лице во близина на градскиот пазар кое подоцна починало, СВР Охрид презема мерки за утврдување на неговиот идентитет. Врз неговото тело нема траги на насилство што е констатирано по извршен патолошки преглед, а по наредба на дежурен Јавен обвинител.
Се работи за машко лице на возраст од седумдесет до осумдесет години, висок околу 170 сантиметри, средно развиен, со бела ретка кратка коса и кратка брада. На себе имал сиво палто и пантолони, карирана сина кошула, сив џемпер и сива капа.
Сега починатиот, вчера во 19 часот и 35 минути со возило на брза помош, од градскиот пазар, бил донесен на интерното одделение во Општата болница, каде и покрај преземените обиди за реанимација, починал.
До овој момент, во СВР Охрид не е пријавено исчезнато лице поради што се молат граѓаните секоја корисна информација да ја достават до СВР Охрид или на телефонот 192.