Утврден идентитетот на паднатото машко лице

По мерките што денес беа преземени, СВР Охрид го утврди идентитетот на лицето што вчера околу 19 часот и 30 минути беше забележано паднато на тротоарот во близина на градскиот пазар во Охрид, а кое подоцна починало.

Се работи за лицето Цветан Ј. (73) од охридското сели Куратица. Членови на неговото семејство, попладнево во Општата болница во Охрид извршија негово препознавање. Врз неговото тело нема траги на насилство што е констатирано по извршен патолошки преглед, а по наредба на дежурен Јавен обвинител.

Откако вчера во 19 часот и 35 минути, истиот е забележан паднат на тротоарот кај градскиот пазар, со возило на брза помош бил итно пренесен на интерното одделение во Општата болница каде починал.

По наредба на Јавен обвинител, денес телото на починатиот Цветан Ј. ќе биде предадено на членовите на неговото семејство.