Ги построил Хитлер своите војници и одеднаш некој кивнал. Хитлер одма прашал:
– Кој кивна?
Сите ќутеле, па тој повторно:
– Ќе почнам да ги стрелам сите, ред по ред ако никој не ми одговори!
Повторно сите ќутеле, па Хитлер пак прашал:
– Прв ред, кој кивна?
Никој не одговорил, па Хитлер ги стрелал.
– Втор ред кој кивна?
Никој не одговорил и повторно наредил стрелање.
– Трет ред, кој кивна?
Еден војник за да ги поштеди другите извикал: – Јас бев!
Хитлер: – Наздравје војнику!