На 18 август (понеделник) во Центарот за обука на вода во Охрид, со почеток во 17.00 часот, ќе се одржи централната свеченост по повод 18 Август – Денот на АРМ.
На свеченоста ќе присуствуваат: Претседателот на Република Македонија и Врховен командант Ѓорге Иванов, Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, Вице Премиерот на Владата на Република Македонија Зоран Ставрески, Министерот за одбрана д-р Зоран Јолевски, Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, министри во Владата на Република Македонија, пратеници во Собранието на Република Македонија, поранешни министри за одбрана и началници на ГШ на АРМ, пензионирани генерали на АРМ, високи гости од повеќе институции во Република Македонија, амбасадорите и воените аташеа акредитирани во Република Македонија и други.
Според протоколот на свеченоста, со пригоден говор на присутните ќе им се обратат Претседателот на Република Македонија и Министерот за одбрана.