Звуците на Франција го исполнија просторот во црквата „Света Софија“

Синоќа во црквата „Света Софија“ во рамките на фестивалот на „Охридско лето“звуците на Франција го исполнија просторот во црквата „Света Софија“ со делата од Морис Равел, Франсис Пуланк, Жил Масне, Ерик Сати, Даријус Мијо и Клод Дебиси.

Францускиот пијанист Габриел Такино, италијанскиот контратенор Џанлука Белфјори и италијанскиот пијанист Маурицио Морети ја одведоа публиката во светот на прекрасната француска музика.

Концертот„Ноќ во Париз…“ уште долго ќе се памети, вели селекторот на музичкиот дел од програмата на „Охридско лето“, Гордана Јосифова-Неделковска.

„Музиката од најзначајните француски композитори, во изведба на исклучителни музичари, ретка можност да се чуе уникатниот тембр на контратенор – сè ова овозможи посебноста на оваа претпоследна музичка вечер на фестивалот“ – вели Јосифова-Неделковска.

Херберт фон Карајан е оној кој е најзаслужен за успешната кариера на италијанскиот пијанист Габриел Такино. Неговата покана да свири со Берлинскиот симфониски оркестар и Филхармонискиот оркестар на миланската „Скала“ на Виенскиот фестивал, била почетната точка, од која кариерата на овој млад пијанист започнала да оди по нагорна линија. Основач е и уметнички директор на фестивалот“Les Nuits du Suquet“ во Кан. Предавал на Националниот конзерваториум за музика во Париз, а од 2006 до 2008 година и на Националниот универзитет за уметности во Токио. Се појавува и како член на жири-комисиите на повеќе интернационалнинатпревари. Освен како солист, Габриел Такино настапува и во камерни состави.

Благодарение на својот уникатен глас и шармот кој го поседува на сцената, Џанлука Белфјори Доронастапувал на голем број значајни фестивали низ светот. Интерпретирал главни улоги во голем број познати дела на Моцарт, Глук, Вивалди, Хендл и други автори. Соработувал со голем број реномирани и режисери. Белфојри во текот на својата кариера развил богата концертна активност со голем број барокни ансамбли и камерни оркестри. Последните неколку години значајна е неговата соработка со Маурицио Морети. На нивниот репертоар се наоѓаат француски и германски соло-песни од Шуберт, Моцарт, Шуман и други.

Маурицио Морети е редовен гостин, речиси, во сите престижни сали во повеќе европски земји. Како еден од најистакнатите претставници на италијанската пијанистичка школа, настапувал со голем број оркестри. Учествувал на големите интернационални музички фестивали во Франција, Австрија, Италија, Шпанија и други, а за неговиот тамошен успех сведочат и неговите повторни настапи следните години на истите фестивали. Моментално работи како уметнички директор на Интернационалниот фестивал за камерна музика во Каљари и како уметнички директор на џез-фестивалот “Ente Musicale of Nuoro“.

5