Новинари од Србија и Франција во посета на Македонија

На покана на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија и во согласност со програмата за медиумска кампања во Србија за 2014 година, од 14-ти до 18-ти август беше организирана инфо тура за еминентни новинари од областа на туризмот во Србија.

Претставници од медиумските куќи на РТС, радио Београд, неделникот Политика, магазинот Путовања, телевизија Нови Сад и туристички програм Туристичка Призма, беа во четири дневна посета на Македонија. Истите имаа средба со директорот на Агенцијата за промoција и поддршка на туризмот, д-р Кристијан Џамбазовски.

Текстови, репортажи и интервјуа со релевантните личности од областа на туризмот од Македонија ќе бидат објавени и прикажани наредните месеци во специјализирани програми за патувања и туризам во горе наведените медиуми. Македонија ќе биде претставена како туристичка дестинација, во која ќе се потенцира богатото културно наследство, природните убавини на земјава, промоција на вински, религиозен, културен, езерски и рурален туризам.

За новинар од Франција г-дин Sylvain Bazin, специјализиран зa активен туризам, АППТ организираше седумдневна инфо тура низ Македонија, на која му беа претставени планинарските, велосипедски и пешачки патеки. Од 11-ти до 18-ти Август г-дин Sylvain Bazin имаше можност да ги посети Националните паркови во Македонија, културните знаменитости во Скопје, Охрид и Битола. Текстови, репортажи и интервјуа со релевантни личности од областа на активниот туризам од Македонија ќе бидат објавени во специјализирани француски спианија Trek Magazine и Wider Magazine.

Според статистичките податоци за првите шест месеци, заклучно со jули 2014, бројот на странски туристи е зголемен за 7%, исто толку е зголемен и бројот на ноќевања во споредба со минатата година. Најголем број на странски туристи во Македонија се од Турција, Грција, Србија, Бугарија и Холандија. За да се зголеми бројот на странски туристи не само од овие земји туку и од целиот свет потребна е континуирана реализација и организација на инфо тури како инструмент на АППТ за промоција на туристичките потенцијали на Македонија, како и реализација на целокупната програма за 2014 година.

srbi