Министерката Канческа-Милевска утре во посета на Струга

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска утре (22 август 2014 г.) во 11 часот, во Спомен домот на Браќата Миладиновци во Струга ќе се обрати на прес-конференција по повод најновите резултати од конкурсот за странски издавачи кој веќе се потврдува како еден од најпродуктивните проекти во контекст на промоцијата на Република Македонија во меѓународни рамки.

На прес-конференцијата ќе бидат присутни и дел од авторите чии дела во наредниот период ќе бидат преведени на некои од светските јазици.