Здружението „Христо Узунов“ ја поздравува иницијативата на локалните власти конечно да се промени името на кејот во Охрид и да се избрише името на диктаторот Јосип Броз Тито од мапата на нашиот Охрид.
Конечно дојде денот кога најрепрезентативниот кеј во нашата држава ќе го добие името Македонија кое природно му договара, а името кое Судените за Македонија ги потсетува на Голи оток и темнината на комунизмот ќе замине на ѓубриштето на историјата, онаму каде природно припаѓа.
Сите оние кои биле кодошени, угнетени, деградирани, малтретирани и уништувани затоа што се бореле за Македонија и нашата кауза со оваа промена на името на кејот добиваат една сатисфакција и се тргна од секојдневниот живот на Охрид името кое многумина ги потсетува на страдањата кои лично ги доживеале или на страдањата на нивните предци.
Сега конечно тие ќе може спокојно, без да се потсетуваат на злото да шетаат по кејот и да се опуштаат во убавините на Охрид и кејот Македонија.
После толку децении независна држава Македонија, оваа Локална власт го отвори ова прашање и на огромно задоволство на секој Македонец од сега нашиот кеј ќе го носи името на нашата земја – Македонија.
Исто така апелираме поголема улица во градот да го носи името на познатиот охридски, македонски, револуционер и војвода Христо Узунов.
Здружение „Христо Узунов“
*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.