Пијано маратон на малиот плоштад кај „Долна порта“

Денеска од 17 часот на новиот плоштад кај Долна порта во Охрид, ќе се одржи пијано маратон на кој освен учесниците на PIANO SUMMER OHRID ќе може да се претстави секој кој има желба да отсвири нешто од класичниот пијано репертоар, или од современи автори, вклучувајќи и свои лични композиции или импровизации.

Специјален гостин на маратонот ќе биде Љупчо Доневски со премиерното изведување на неговата композиција „Звукот на младоста“.

Маратонот е отворен за сите љубители на музиката. Влез слободен.

Saniranje_stolbcinja_malplostad_4851