Во врска со соопштението на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати Невладината организација на Египќаните. Во реакцијата се вели:
„По повод денешното Соопштение на СДСМ, сметаме дека е крајно тенденциозно, неаргументирано и со крајна цел, да се оцрни ликот и делото на Градоначалникот на Охрид, др. Никола Бакрачески и на институцијата Градоначалник, без притоа да се води сметка, дека со преземените дејствија, и изнесени тенденциозни и некоресподентни со објективната стварност , ги повредиле и чуствата на над 20.000 грагани на Охрид, мегу кои и огромно мнозинство на Египќани, кои се патем и втори по бројност, веднаш зад доминантниот Македонски народ.
Градоначалникот на Охрид, др Никола Бакрачески, според изнесеното и според фактичката состојба, ниту ја злоупотребил советничката говорница,ниту пак во најмала рака, да држи говор полн со омраза. Очигледна е тенденциозноста на испревртување на фактите, чија крајна цел е да се девалвира се поочигледниот успех во работата на Градоначалникот на Охрид. Во врска со преименувањето на кејот, во „Македонија“ сметаме дека тоа требало да помине едноставно, со акламација, без дебата,онака како што би требало да реагира секој лојален граганин на оваа држава, како докажан патриот на дело, и токму затоа, тоа всушност е и основата, зошто имаме целосно разбирање, за тоа како реагирал Градоначалникот на Охрид, бидејки на таков начин би реагирале, единствено оние кои на Македонија гледаат како на нешто свето, како на нешто за што не треба да се искутира или негира, бидејки Македонија е пред се и над се, бидејки Македонија е заеднички дом , на сите нејзини граѓани.“- стои во реакцијата.