Епидемија предизвикана од Ебола вирусот во западна Африка е без преседан на многу начини, вклучувајќи го и високиот процент на доктори, медицински сестри и други здравствени работници кои се заболени.
До денес, повеќе од 240 здравствени работници ја имаат развиено оваа болест во Гвинеја, Либерија, Нигерија и Сиера Леоне, а повеќе од 120 починаа.
Еболата ги однесе животите на истакнати доктори во Сиера Леоне и Либерија, лишувајќи ги овие земји не само на искусен и посветен медицински персонал, туку и од инспиративни национални херои.
Неколку фактори помагаат да се објасни големиот процент на заразен медицински персонал. Овие фактори вклучуваат недостиг на лична заштитна опрема или неправилно користење, премногу мал бројна медицински персонал за толку голема епидемија, како и сочувството кај медицинскиот персонал да работи во одделенијата за изолација многу повеќе часови од препорачаниот сигурен број.
Во минатото, некои епидемии на Ебола биле откриени откако била засилена трансмисијата во установите за здравствена нега и откако лекарите и медицинските сестри заболеле. Сепак, откако вирусот на Ебола бил идентификуван, воведени биле и соодветни заштитни мерки, па случаите меѓу медицинскиот персонал драстично се намалувал.
Покрај тоа, многу од најновите епидемии на Ебола се во оддалечени области, во еден дел од Африка што е веќе запознаен со оваа болест и со синџири на пренос кои полесно се следеле и прекинувале.
Сегашната епидемија е различна. Зафатени се главни градови, како и оддалечени рурални области, што ја зголемува можноста за недијагностицирани случаи кои се во контакт со вработените во болниците. Ниту лекарите, ниту јавноста не е запознаена со оваа болест. Интензивен страв владее во цели села и градови.
Неколку заразни болести ендемични во регионот, како маларија, тифус, и Ласа треска ги имитираат првичните симптоми на Ебола вирусната болест. На пациентите инфицирани со овие болести често им треба итна медицинска помош.
Лекарите и медицинските сестри може да не ја земат во предвид Еболата и да не гледаат потреба за превземње на заштитни мерки.
Некои документирани инфекции се појавиле кога незаштитени лекари побрзале да им помогнат на пациенти кои биле во многу лоша состојба. Ова е инстинкт на повеќето лекари и медицински сестри: да му се помогне на болниот.
Во многу случаи, медицинскиот персонал е изложен на ризик, бидејќи нема достапна заштитна опрема – дури и ракавици и маски за лице. Дури и во одделенијата посветени на Ебола, личната заштитна опрема е често недостапна или не се користи правилно.
Обуката за правилна употреба е од апсолутно суштинско значење, како и строгите процедури за превенција и контрола на инфекцијата.
Покрај тоа, носењето на лична заштитна опрема е тешко и предизвикува непријатна жештина, особено во тропските предели, а тоа сериозно го ограничува времето што лекарите и медицинските сестри можат да го поминат во одделенијата за изолација. Некои лекари работат надвор од нивните физички граници, обидувајќи се да спасат животи во 12-часовни смени, секој ден од седмицата. Вработените кои се исцрпени се повеќе склони да направат грешки.
Личната заштитна опрема испратена или одобрена од СЗО ги исполнува соодветните меѓународни стандарди за безбедност.
Големиот број на заразени здравствени работници во оваа епидемија има голем број на последици кои дополнително ги попречуваат напорите за контрола. Со тоа се осиромашува едно од највиталните средства, од мерките на контрола на епидемијата. СЗО проценува дека во трите најтешко погодени земји, само 1-2 лекари се на располагање за лекување на 100.000 луѓе, а овие лекари се во голема мера концентрирани во урбаните средини.
Тоа може да доведе до затворање на здравствени установи, особено кога вработените одбиваат да доаѓаат на работа плашејќи се за својот живот. Кога болниците се затворени, занемарени се другите чести и итни медицинска потреби, како безбедно породување и третман на маларија.
Фактот дека толку многу медицински персонал развил болест го зголемува нивото на анксиозност:ако лекарите и медицинските сестри заболуваат, што останува на општата популација?
Во некои области, болниците се сметаат за инкубатори на инфекцијата и се избегнувани од страна на пациентите со било каков вид на болестшто повторно го намалува пристапот до општата здравствена нега.
Губењето на толку многу доктори и медицински сестри ја отежна поддршката од СЗО за обезбедување поддршка со доволен број на странски медицински персонал.
Африканската унија започна итна иницијатива за регрутирање на повеќе здравствени работници од редот на своите членови.