Меѓународна потрага по охриѓанецот осомничен за двојното убиство

На барање на Основниот суд Охрид, Министерството за внатрешни работи преку бирото на Интерпол – Скопје распиша меѓународна потрага по Бојан П (30) од Охрид, осомничен за сторено кривично дело „Убиство“.

Имено, на 21.08.2014 година околу 23,20 часот во Охрид, во хотел „Император“, лоциран на ул.„15-ти Корпус“, сопственост на Васил Р., осомничениот Бојан го убил сопственикот и Ромео Ѓ.(1976), кои се пренесени во МЦ-Охрид, каде и двајцата починале.

Според досега добиените сознанија, Бојан заедно со Р.С. од Охрид, отишле во хотелот каде почнал расправија со Ромео околу паричен долг, по што извадил пиштол и пукал кон него. Ромео повреден станал и бегал кон рецепцијата, каде се наоѓал сопственикот Васил, при што Бојан повторно пукал, погодувајќи го и Васил. По настанот Бојан и Р.С. со ПМВ „БМВ“ се дале во бегство.