Кривична пријава за лице од Џепин поради предизвикување општа опасност

Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против Н.В.(52) од с. Џепин за сторени кривични дела „предизвикување општа опасност“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјал“. На 03.08.2014 година, околу 14,30 часот во с. Џепин на свадбена веселба пријавениот од балконот на неговата куќа со пиштол кој го поседувал без дозвола испукал шест куршуми кои се одбиле од бетонската плоча при тоа ранувајќи пет лица.