Физички нападнати повеќе лица во дом во Радолишта

На 01.09.2014 година, околу 20,00 часот во с. Радолишта; струшко во домот на Ш.Х.(63), физички се нападнати Ш.Х, И.А.(61) и С.Е.(54) од страна на Б.Х.(34) и Ш.Х.(35), при што со тврд предмет на С.Е. му биле нанесени тешки телесни повреди, кои поради сериозноста на повредите бил пренесен во Ургентен центар во Скопје, додека Ш.Х и И.А. се здобиле со телесни повреди. Од страна на полициски службеници Б.Х и Ш.Х се приведени и задржани во ПС Струга и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.