Утре ќе се одржи „Велосипедски крос“ за учениците од VI до IX одделение од ОУ „Христо Узунов“

ОУ „Христо Узунов“ – Охрид и спортската секција во училиштето во рамките на својата годишна програма има планирано, меѓу другото, и „Велосипедски крос“ за учениците од предметна настава (VI до IX одделение).

Велосипедскиот крос ќе се одржи утре (петок) со почеток во 10:00 часот, тргнувањето на сите учесници на кросот ќе биде од училишниот двор и ќе се вози по следната рута: ОУ „Христо Узунов“ – по улицата „Питу Гули“ до излезот на Охрид кон Битола – Лескоец – Косел – Вапила – Г.Лакочереј – Д.Лакочереј – Орман-влез на Охрид од страна на Кичево (кај Лукоил – по „Туристичка“ – Градски Плоштад (дефиле) – ОУ „Христо Узунов“.

Училиштето за организација и реализација на Велосипедскиот крос добива поддршка од СВР-Охрид, Црвен крст – Охрид и велосипедскиот клуб „ЗШ Точак“. Одржувањето на Велосипедскиот крос е во чест на државниот празник „8-ми Септември“ – Ден на независноста на Р.Македонија, а целта е подигнување на свеста на сите учесници во сообраќајот дека и велосипедистите се рамноправни учесници, анимација на младите за потребата од физичка активност надвор од училишните клупи, запознавање на поблиската околина и безбеден начин за учество на велосипедистите во сообраќајот.