Продолжува кршењето на дрвцата низ Охрид

Непознати сторители на вандалски начин искршија уште едно новозасадено дрвце на тротоарот на улицата „ Партизанска“, наспроти хотелот „ Палас“. Ваков случај на истата улица имаше и минатата недела, а забележани се и кршења на улични светилки и оштетувања на сообраќајни патокази.

Локалната самоуправа, апелира до граѓаните за поголема грижа за заштита на новозасадените дрвца, уредените паркови и другите јавни добра и ги замолува доколку видат било каков случај на уништување, веднаш да ги алармираат надлежните инспекциски служби и полицијата.Со заедничка кординација на надлежните институции и служни, веќе се договорени механизми за идентификување на вандалите против кои ќе бидат применети строгите законски санкции.

apel_400