Издадени одобренија за градење

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2014 се издадени 209 одобренија за градење што е за 16.8% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6 453 003 илјади денари што е за 344.2% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 146 (69.9%) се наменети за објекти од високоградба, 24 (11.4%) за објекти од нискоградба и 39 (18.7%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 209 објекти, на 141 (67.5%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 68 објекти (32.5%) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 314 станови со вкупна корисна површина од 29 573 м2.