Оддадена почит на војводата Аргир Маринчев и неговите востаници

НА 13 -ти Септември од страна на Советот на месната заедница Куратица , МПЗ Тодор Александров, Христо Узунов како и на најмлади жители на с.Куратица се одржа традиционалниот марш по повод 111 годишнината од битката кај Рашанец, или познато меѓу народот втор Мечкин Камен.

Во текот на маршот кај месноста „Клинчи Гумења“ учесниците се запознаа со текот и местото на битката кај рашанец (грмешница), каде загинале 117 те востаници. На гробот на војводата Аргир Маринчев положени беа венец и букет од учесниците, а беше и одржан мал говор за војводата и неговите востаници.

„Во иднина е предвидено пробивање на пат до самото место, се со цел да има поголема посетеност и запознавање на пошироката јавност за овој настан, каде нашите востаници го жртвувале својот живот за Македонија. Потоа следуваше заслужен ручек.

Голема благодарност за соработката на Македонското Патриотско Здружение Тодор Александров Битола и здружението Христо Узунов од Охрид.“- велат организаторите.