Интензивно се работи на фудбалскиот терен со вештачка трева

Јавното претпријатие „Нискоградба“, деновиве започна градежни активности – поставување на цевки Ф-1000 на отворен канал со што се оформува инфраструктурата за одводнување на дренажана од постојните терени и новиот фудбалскиот терен со вештачка трева. Покрај тоа, претпријатието забрзано работи на подготовка и поставување на подлогата на новото игралиште кое се наоѓа во рамки на спортски рекреативниот центар „Билјанини Извори“, а кое се гради согласно стандардите на ФИФА за ваков тип на терени.

Инаку ова ќе биде еден од најсовремените терени на вештачка трева во Македонија, а со неговата изградба ќе се комплетира понудата за спортски туризам во општина Охрид.

cevki_4002