Приватното погребно претпријатие „Две солзи“ кое до денес користеше простории во објектите на Ј.П. „Градски гробишта“, претпладнево се исели од просториите.
Претходно Јавното претпријатие „Градски гробишта“ и „Две солзи“ потпишаа меѓусебна Судска спогодба со која прекина судскиот спор кој Ј.П. „Градски гробишта“ го покрена против ова претпријатие, и истото се исели од просториите. Извршено е примопредавање на просториите, потпишан е адекватен записник, а променети се и бравите на просториите.
Согласно спогодбата приватното погребно претпријатие на Ј.П. „Градски гробишта“ ќе мора да му ја измири наемнината и за деветти месец, заедно со сите режиски трошоци за струја и комуналии.
Претпријатието „Две солзи“ се исели 10 дена пред предвидениот рок.
Ј.П. „Градски гробишта“ претходно покрена судска постапка за раскинување на Договорот кој претходното раководство го склучило со ова јавно претпријатие, а кој е оценет како штетен за јавното претпријатие.