Општинскиот натпревар „Млади библиотекари“ ќе се одржи на 10-ти октомври

Националната Установа Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид општинскиот натпревар „Млади библиотекари“, годинава ќе го одржи на 10-ти октомври во просториите на Библиотеката, а почетокот на натпреварот ќе биде во 12 часот.

Право на учество на овој натпревар имаат членовите на библиотеките од Основните училишта од Охрид и околината и членовите на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид до 14 годишна возраст.

Комисијата ги повикува сите ученици кои имаат интерес за учество во натпреварот за подготовка да го користат прирачникот „Млади библиотекари“ од Миле Бошески, кој може да го изнајмат од Библиотеката.

Прашалникот ќе се состои од 20 прашања на кои натпреварувачите ќе одговараат писмено за време од еден час. Најдобриот натпреварувач ќе го претставува градот Охрид на републичкиот натпревар кој традиционално го организира Библиотекарското здружение на Македонија, а годинава ќе се одржи на 24-ти октомври во локалната библиотека „Гоце Делчев“ од Велес.