ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ учесник на меѓународна конференција во Белград

Во организација на ПРЕЦЕДЕ програмата, а во соработка со Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, ЈОУДГ„Јасна Ристеска“- Охрид заедно со представници од МТСП, БРО и уште девет други градинки од Р. Македонија вклучени во програмата, зеде учество на Меѓународна конференција во Белград на 20-21.09.2014 година.

Конференцијата беше на тема: „Моќта на раниот детски развој во градењето на мирот во Европа“, а предавачи беа истакнати експерти во областа на раниот детски развој од Канада, Америка, Ирска, Холандија, Данска и др.,со кои по пленарните седници имаше организирани работилници. Нашиот претставник учествуваше на сл. работилници:

1.Употреба на персонализирани кукли и
2. Истражување и мониторинг

Конференцијата ја следеа учесници од Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора,Албанија, Косово и Северна Ирска.