Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2014 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 619 337 МWh електрична енергија, 3.364 мил. nm3 природен гас, 610 788 тони јаглен и 82 607 тони нафтени продукти.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 71,4% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 96,4% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.