„Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ е сообраќајно воспитна едукативна акција што полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид ќе ја реализира со првооделенците од основните училишта во општинава. За таа цел, вчера во основното училиште „Христо Узунов“, претставници на сообраќајната полиција имаа работен состанок со раководителите во основните училишта при што беа договорени планските мерки и диманиката за реализација на активностите предвидени во рамките на оваа проектна активност.
Пред претставниците на училиштата беше промовиран видео материјалот „Сообраќаен буквар“ наменет за првоодделенците како најмлада категорија учесници во сообраќајот. Истиот понатаму ќе им биде презентиран на учениците со цел да се запознаат со основните правила и прописи за безбедно вклучување во сообраќајот.
Дополнително, за првоодделенците ќе биде изведен посебен час каде на посебен сообраќаен полигон ќе им се демонстрира како треба да се движат на раскрсница и како треба да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со што најдиректно ќе се влијае врз градењето и подигнување на безбедносна култура кај најмладите ученици.
Во рамките на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, предвиден се слични активности и со децата од претшколските установи.