Спасески: СДСМ кога беше на власт го опустоши образованието во Охрид

„Навистина е иронично СДСМ од Охрид, партијата која за време на нивното владеење, го направи најголемиот пустош во образовнието и другите институции , денес на прес- конференција  да зборува за долгови, бидејќи тие направија  астрономски долгови кои треба да ги плаќаат новата Локална самоупрва и граѓаните. Но, сепак среќни не прави фактот што кај СДСМ се јави некаква грижа на совест. Конечно, се потрудиле да најдат некакви бројки во врска со  долговите во образованието. Ќе бевме уште  посреќни доколку имаа доблест за  долговите да зборуваат во времето кога тие ги водеа образовните институции во Охрид“– изјави денеска секретарот на општина Охрид  Димитар Спасески,  негирајќи ги обвинувањата од прес- конференцијата на Општинската организација на СДСМ.

Коментирајќи ги обвинувањата од страна на СДСМ, секретарот Спасески рече дека  секогаш кога ќе излезат на прес конференции искрено речено се прашуваме дали се работи за некаква скриена камера или зошто ибираат  теми за кои немаат аргументи и воопшто не им одат во прилог.Според Спасеки, СДСМ да зборува  за состојбите во  образованието навистина е срамота и недопусливо. Но и тука, како што рече Спасески,  „не можеме да им се мешаме затоа што очигледно многу лошо ја спроведуваат партиската директива  за постојани и неаргументирани напади на актуелната Локална самоуправа. Дефинитивно темата образование им е промаршена за напад, односно пукаат во непостоечка мета , затоа што највиновни за образованието и за состојбите во него се токму тие “.

„Нашиот стил на работење е поинаков и се разбира ,граѓаните тоа добро го препознаваат,па затоа  ќе изнесеме неколку факти, по кои ќе може  по незнам кој пат, да се направи разликата меѓу нас и нив.Дефинитивно тие и ние не сме исти, ниту во начинот на размислување  ниту во начинот на донесување  одлуки. Среќа е за Охрид што ова раководство предводено од градоначалниккот Никола Бакрачески, речиси секогаш носи поинакви одлуки од оние, кои  во иста ситуација ги носеле луѓето од СДСМ. Ве уверувам дека нашите одлуки секогаш се во интерес на граѓаните и за доброто на Охрид“– рече Спасески.

Носењето на штетни одлуки од страна на луѓето од СДСМ , секретарот на општина Охрид Димитар Спасески го илустрираше со пропаѓањето на проектот за поделба на гимназијата „ Св. Климент Охридски“ на две образовни институции. „ Не успеаја во својата намера затоа што не знаеја како да го спроведат процесот. Нивната стручност и компетентност не беше на доволно високо ниво за да го спроведат до крај овој комплексен процес. За разлика од нив, ние за период од нецела година, успеавме документациски да ја поткрепиме поделбата на двете улилишта и денес ги имаме  гимназијата „ Св.  Климент Охридски“ и средното економско училиште со медицински паралелки „ Св.Кирил и Методиј“ .Постапката е реализирана според законските прописи и со  согасност добиена  од Владата на Република Македонија Во новоотвореното средно стручно училиште „ Св. Кирил и Методиј“ извршена е поделба на наставничкиот кадар, ангажирани се дополнителни лица кои што се неопходни за образовниот процес и  именуван  е в.д  директор , кој  одлично се справува со процесот на конститурање на новото училиште“.

Секретарот Димитар Спасески објасни дека  избрани се членови на училишниот одбор и создадени се услови за непречено и квалитетно одвивање на наставно-  образовниот процес, а на СДСМ му порача да не се грижат за доекипирањето на училиштето со секретар,педагог и психолог. Објасни дека градоначалникот и Локалната самоуправа имаат доставено барање за пополнување на овие работни места и дека во најскоро време се очекува позитивен одговор од Министерството за финансии и Министерството за обрзование.Рече дека  доколку  Министерството оцени дека нема финансиски средства и за педагог и за психолог, доволно е засега да се ангажира еден од двата профили.

„Кога СДСМ зборува за долгови во образованието, ние сакаме да ги споредиме бројките и фактите, но очигледно е дека тие бегаат од директно соочување со вистината. Јавноста знае дека мандатот го презедевме со енормен долг во образовните институции.  Во основните училишта вкупниот долг беше 44 милиони  и 187 илјади денари, во средните училишта мандатот го презедовме со долг од 33 милиони и 183 илјади денари или вкупно  образовните институции должеа 77 милиони и 371 илјади денари. Во моментот на примопредавањето, немаа храброст да ни соопштат колкави се долговите во образовните институции.Ни требаа неколку месеци тешка работа за точно  да ги пресметаме сите долгови кои ни ги остави СДСМ“– истакна Спасески.

Во објаснувањето  за средувањето на финансискиот хаос во образованието, Спасески рече дека морало брзо и ефикасно да се реагира. Градоначникот Никола Бакрачески од моменот на преземање на функцијата градоначалник, до обрзазовните инстутуции во Охрид трансферирал сума поголема од 28 милиони денари за сервисирање  на нивните секојдневни потреби. Покрај тоа, според Спасески, реконстурирано е  ОУ „ Живко Чинго“ во Велгошти, се работи на реконстуркција на кровот на ОУ  „Кочо Рацин“ , санирана е дограмата во ОУ „ Братство Единство“ , а во рамки на детската градинка преземени се комплетни инфраструктурни проекти за средување на санитарните јазли и промена на прозорците во  три објекти.

„СДСМ често проблемите ги лоцира во блок- дотациите за образованието. Најодговорно тврдам дека блок- дотациите, според висината на износите се еднакви. Значи  износот на блок- дотациите што ги добивал претходниот градоначалник, горе –долу се добиваат и сега. Но, дали знаете каде се прави разликата во распределбата на средствата од блок- дотациите – разликата се прави во домаќинското работење. Градоначалникот Бакрачески по преземањето на функцијата, наметна нови критериуми на домаќинско работење. Донесени се  нови протоколи за работа, каде точно се знаат постапките што, како, кога и каде се прави. Значи ние како ново локално раководство во оваа година и пол, главните заштеди во блок- дотациите ги правиме со домаќинско трошење на нафтата, електричната енергија и превозот на учениците. Значи масата на пари е иста, а заштедата ја правите доколку домаќински работите и внимавате на сите овие параметри“–  смета Спасески.

Претходното локално раководство предводено од СДСМ, како што вели Спасески , освен во образованието  и остави огромни долгови на Локалната самоуправа. Наследениот долг на Локалната самоуправа  е повеќе од 34 милиони евра, а  долгот на јавните претпријатија околу 20 милиони евра. Значи од владеењето на СДСМ наследен е  долг нешто повеќе од 54 милиони евра.Секретарот на општина Охрид вели дека , новото раководство морало храбро и  посветено да се справува со овој проблем, потенцирајќи дека за година и пол вратени се  4 милиони евра од наследениот долг, а притоа да нема ниту евро ново задолжување.

„Сакам ,господата од СДСМ да ги известам за два приоритети што ги работиме во образованието. Едниот приоритет е блокираната сметка на ОУ  „Григор Прличев“. Јас не знам дали господата од СДСМ знаат дека со правосилна одлука на Апелациониот суд, донесена на 10.04.2012 година, ОУ  „ Григор Прличев“  по основ на нерешени имотно – правни односи е блокирано за износ од 8 милиони 335 илјади и 950 денари. Денес сме 2014 година и ако се обидеме да пресметаме во овој момент училиштето должи околу 12 милиони денари. Зошто СДСМ не најде за нужно, по добивање на одлуката од судот, да ја спроведе истата и да го реши овој проблем. Тоа свесно го оставија друг да го решава. Јавноста ја известуваме дека посветено работиме на овој проблем и наскоро со нашиот адвокатски тим ќе дојдеме до конкретно решение и училиштето ќе биде одблокирано.

Дали од СДСМ знаат дека во рамки на локалната самоуправа постои список од 62 лица кои  по разни основи ги ангажирале во училиштата и тоа во период кога се случувале избори. На луѓето им давале договори на дело кои буџетски не биле планирани. До ден денес по овој основ на 62 граѓани на Охрид им должиме 3.156 710 денари. Замислете луѓето секој ден оделе на работа, секој ден ги остварувале нивните работни задачи кои што тогашние раководители им ги давеле, а од Локалната самоуправа не им биле исплатени средства. Зарем тоа не поигрување со граѓаните на Охрид?  Зарем тоа не поигрување со интелегенцијата на охриѓани? Градоначалникот Бакраческо доСекторот за финансии има дадено насоки за решавање на овој проблем и наскоро овие 62 граѓани , кои ни криви ни должни се заплеткале во лавиринтите на СДСМ,  ќе се ги добијат своите заслужени пари кои што требало да им бидат исплатени во 2010, 2011, 2012 и половина од 2013 година“– потенцира Спасески

На крајот , секретарот на општина Охрид Димитар Спасески, им се заблагодари на медиумите, кои овозможија низ факти и бројки, граѓаните да бидат запознати со катастрофалното владеење на претходното локално раководство предводено од СДСМ, состојба која не им дава право секојдневно со невистини да ја манипулираат јавноста. 

PressSpaseski