ВМРО-ДПМНЕ: Работиме и ќе работиме на подобрување на условите за следење настава во училиштата

Во врска со денешната прес-конференција на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати ОК на ВМРО-ДПМНЕ, во која се вели:

„Многуте афери, криминални зделки, милионските долгови што им ги оставија на Општина Охрид на јавните претпријатија и образовните институции во градов не им допуштаат на социјал- демократите да се опуштаат со вакви, во нивни стил провизорни прес конференции, кои повеќе од очигледно се само нивни мелем а за граѓаните ужас кој ги потсетува на пустошот што тие го оставија во Охрид.

За тоа дека СДСМ ништо добро не направи во градов и образовните институции е доволно казнета од граѓаните на Охрид, но многу е чудно зошто оваа партија не ја научи лекцијата и повторно бесрамно импровизира и лаже.

Минатото локално раководство од СДСМ , ги предаде охридските основни училишта со долг од над 44 милиони 187 илјади денари а средните со долг од 33 милиони 183 илјади 890 денари или вкупен долг од 77 милиони 371 илјади денари кои сега ги плаќа и враќа раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Вака ли СДСМ водеше грижа за образовните институции во градов? Вака ли со презадолжување? Ако СДСМ водеше сметка за образовните институции ќе настојуваше да ги реши имотно правните односи на училиштата и градинките кои од нивно време се потенцираа како сериозен проблем . СДСМ остави училиштата со блокирани сметки, без ниту еден реализиран проект, без основни услови за настава, без огрев. Децата настава за голем жал и срам следеа во ладни училници.

За период од една година и неколку месеци колку што е на власт градоначалникот Никола Бакрачески до основните училишта, Општина Охрид трансферира 16. 550. 645.00 а до средните 7. 910. 093. 00 денари, а паралелно се работи на решавање на имотно правните односи кои во времето на СДСМ беа тотално запоставени.

Годинава Учебната година на ниво на Општина Охрид, без никакви проблеми во многу подобри услови во однос на минатите години, започна за 511 првачиња, 4 808 основци и 2 298 средношколци или за вкупно 7 106 ученици.

Секторот за образование при локалната самоуправа Охрид во летниот период започна и заврши низа активности поврзани со подобрување на условите во објектите за згрижување на децата од предучилишна и училишна возраст.

И додека СДСМ јавно се бламира и потсетува на ужасот што го остави во образовните институции во градов, ВМРО –ДПМНЕ работи и ќе работи на подобрување на условите за следење настава во училиштата. Во таа насока веќе се обезбедени уредни, ново молерисани училници за децата кои пред се ќе бидат топли во зимскиот период што не беше случај во времето на СДСМ . Училиштата добија нови уредни санитарни јазли кои беа вистински “хорор “ и извор на болести и зарази во времето на СДСМ . Локалната Власт и ВМРО –ДПМНЕ реализираа и ќе реализираат многу други проекти кои се во насока на поуспешно образование.

СДСМ крајно време е да научи и да побара совет од ВМРО – ДПМНЕ како се работи, чесно, посветено во интерес на учениците и сите граѓани на Охрид.“– стои во реакцијата.