Охрид домаќин на 5-от конгрес на анестезиолозите на Македонија

Професори, познати лекари, анестезиолози од неколку Европски земји учествуваат на Петтиот меѓународен конгрес на анестезиолозите на Македонија што од вчера до недела се одржува во Охрид.

На синоќешното свечено отворање на Конгресот, присутните ги поздрави и топло добредојде им посака градоначалникот Никола Бакрачески.

Kongres_anesteziolozi_4851

„Како градоначалник на Охрид, имам привилегија да се обратам на многу настани кои се одржуваат во нашиов убав град, и морам да признавам дека сум особено воодушевен кога настанот е од областа на медицината. Како доктор по медицина, јас сум убеден дека вакви конгреси се едни од најдобрите начини за осознавање на новитетите во медицинската наука како и проширување на лични искуства и пријателства. Како градоначалник морам да ве потсетам дека во наредните неколку дена ќе бидете гости на град со извонредна историја и исклучителна природна убавина. Тој е еден од 28-те градови во светот кој е прогласен како светско природното и културното наследство од страна на УНЕСКО. Не пропуштајте ја можноста да посетите некои од неговите најважни атракции. Сигурен сум дека ќе го напуштите Охрид со убави спомени и ќе дојдете повторно тука, заедно со вашите семејства и пријатели“, истакна градоначалникот Бакрачески.

На неколку дневниот конгрес на Анестезиолозите на Македонија учество ќе земат стотина лекари кои со своето присуство битно допринесуваат во продолжување на туристичката сезона и после летните месеци од годинава.