Поезија од Пере Ристески објавена во Јужна Кореја

Јужнокорејското списание Imminent Quarterly објави дел од поезијата на Пере Ристески. Преводот и препевот се на Соња Гаврилоска – Љулкова.

Ова реномирано јужно-корејско списание објавува поезија, проза и друг вид уметност, а неговата цел е да поттикнува амбиент на отворена размена и соработка меѓу медиумите и уметниците.

Ристески за првпат објавува сиџо (sijo) поезија, надвор од нашата земја. Кратката поетска форма сиџо потекнува од древна Кореја, и датира уште од 14 век.

Во делот поезија, творештвото на Ристески се најде меѓу поезијата на: Серлина Рејнолдс, Шон О’ Горман, Адам Талбот, Тес Паталано, Џош Пурс и други.