Честитка од претседателот на СДСМ, Зоран Заев по повод празникот Курбан Бајрам

По повод верскиот празник Курбан Бајрам, Претседателот на СДСМ, Зоран Заев упати честитка до сите граѓани со исламска вероисповед.

„Во мое лично име и во името на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, на сите верници од исламска вероисповед им го честитам Курбан Бајрам, со желба овој голем празник да го одбележат во мир, радост и добро здравје заедно со семејството и пријателите.

Чувствата кои го следат овој празник нека бидат вистински пат кон меѓусебно почитување, добрина, разбирање и помагање.

Само заедно и со здружени напори можеме да придонесеме за напредок на Република Македонија, обединета во вредностите во која сите граѓани меѓусебно се почитуваат и помагаат за изградба на заедничко и просперитетно општество.“ стои во честитката на Претседателот на СДСМ, Зоран Заев.