Еднодневна работилница во Охрид на тема „Сексуалната работа и медиумите“

На 13 -ти октомври(понеделник) во Охрид, Здружението ХОПС -Опции за Здрав живот Скопје, во рамките на своите активности насочени кон актуелизирање на проблемите, со кои се соочуваат секусалните работници организира еднодневна работилница за новинари.

Целта на работилницата е новинарите да добијат дополнителни информации на тема „Сексуалната работа“, со цел објективно да известуваат за истатата.

На оваа работилница е предвидено да учествуваат новинари од повеќе редакции и електронски медиуми и портали од Охрид.