Министерката Јанкулоска утре во работна посета на Охрид

Утре, 14-ти октомври, во Охрид, министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска ќе има обраќање на меѓународната конференција на тема „Тероризам: Превенција од радикализација на младата популација“.

Дводневната конференција се одржува во организација на Министерството за внатрешни работи и е од затворен тип.