ФФМ со поддршка на ФАРЕ акционата недела

Во „Куќата на фудбалот“ денеска беше презентирана програмата за годинашната ФАРЕ акциона недела против национализмот, расизмот и дискриминацијата во европскиот фудбал.

Фудбалската федерација на Македонија активно е вклучена во кампањата поддршана од Македонскиот центар за култура и развој. Македонскиот центар за култура и развој како кординатор на ФАРЕ активностите во соработка со ФФМ преку медиумска кампања ќе ја промовира ФАРЕ неделата против национализмот, разисмот и дискриминацијата во фудбалот. Во деновите за одигрување на мечевите од редовните кола од првата и втората македонска фудбалска лига фудбалерите ќе излезат на терените со транспаренти со пораки против расизмот и национализмот во фудбалот.

„Фудбалската федерација на Македонија задолжена за организација на фудбалската игра во нашата земја дава целосна на сите активности поврзани со фер-плејот и борбата против насилствата, национализмот и расизмот на фудбалските терени. Во рамки на нашето членство во Уефа, ние како федерација сме обврзани да се грижеме за развојот на играта и за надминување на сите видови недоследности и нарушувања. ФФМ активно учествува во програмата на Уефа против расизмот и дискриминација во фудбалот, а го истакнуваме и задоволството од соработката со Македонскиот центар за култура и развој како национален ФАРЕ координатор. ФФМ во изминатиот период ја промовираше и организираше кампањата 100% фудбал на чело со Димитар Зисовски, а во соработка со министерството за внатрешни работи, разгледувавме и поттикнувавме низа мерки и пристапи за градење на врвни односи со навивачки групи и развивање на фан културата во нашата земја. Повикуваме сите заедно, фудбалерите, клубовите, навивачите, судиите, невладините организации и сите граѓани да придонесеме во развој на навивачката култура во нашата земја и да станеме пример за достоинствено однесување“, – порача в.д. Генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски.

Своите активности ги претстави и Нелко Нелковски, претседател на Македонскиот центар за култура и развој и невладините организации кои се вклучени во ФАРЕ акциона недела против национализмот, расизмот и дискриминацијата во европскиот фудбал.

„Главната цел на кампањата на ФАРЕ е да се помогнат локалните иницијативи за да се отстрани национализмот расизмот и дискриминацијата на фудбалските стадиони. Целта на ФАРЕ е преку фудбалот да изнесат позитивни пораки“, – изјави координаторот за Македонија и претседателот на МЦКР, Нелко Нелковски.