Кај охриѓанец пронајдена дрога

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Т.(44) од Охрид, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 04.10.2014 година од страна на полициски службеници е извршен претрес во станот на пријавениот во Охрид, при што се пронајдени околу 15 грама хероин. Од страна на судија во претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.