ЈП „Билјанини Извори“ и градот Охрид, викендов на 18-ти и 19-ти Октомври се домаќини на 16-то сениорско Балканско првенство во карате. Првенството е во организација на Карате Федерацијата на Македонија, која за прв пат ќе биде домаќин на ваков тип настап од балкански карактер.
Се работи за исклучително силно натпреварување, најголемо во 47 годишната историја на КФМ, на кое се очекува да настапат над 300 каратисти од 12 земји. Потврда за врвниот квалитет е фактот дека на Европските првенства балканските земји партиципираат со над 50% од освоените медали, што е гаранција за вистински спортски и организациски спектакл.