Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Пустошење на шума“ и „Кражба на дрва“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против лицата М.С. (23), Ш.А. (24) и Е.С. (36) сите од струшкото село Лабуништа.
Пријавените, на 11-ти овој месец кај местото „Голем равен“ атар на Лабуништа, од страна на полициските службеници од полициската станица за граничен надзор Лабуништа биле затекнати во вршење нелегален транспорт на дрва со 11 коњи на кои биле натоварени по 1,7 м³ нежигирано огревно буково дрво, една секира и една моторна пила. Заедно со нив, во нелегалниот транспорт со коњи учествувале и две малолетни лица.
На местото на настанот, во присуство на шумски полицаец извршен е увид при што е утврдено дека во државна шума исечени се околу 300 стебла букови дрва со пречник 25 сантиметри и 15 метри височина. Од нив, мал дел биле обработени за огрев, додека поголема количина бесправно исечени дрва биле соборени. На местото се затекнати околу 50 просторни метри буково дрво.
По добиена судска наредба, тим од полициски службеници и шумска полиција извршија претрес во домовите и другите простории кај пријавените како и во домовите на родителите на малолетните лица. Притоа, пронајдени се околу 9 метри просторни бесправно исечени огревни дрва кои со записник се предадени на претставник на јавното шумско претпријатие „Јабланица“ од Струга.