Во текот на минатата недела санкции за 987 учесници во сообраќајот

СВР-Скопје изминатата недела спроведе зајакнати контроли на подрачјето на Град Скопје и од страна на сообраќајната полиција санкционирани се вкупно 987 учесник во сообраќајот за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот. Кај 39 возачи е утврдено дека управувале возила под дејство на алкохол, потоа 68 лицa управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола, без возачка дозвола управувале 55 возачи, кај 24 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло, 39 возачи управувале возила со над дозволената брзина, и 18 возачи управувале возило со над 90 км на час во населено место, изречени се 65 прекршоци за некористење на сигурносен појас, 64 прекршоци за зборување на мобилен телефон, потоа 32 прекршоци за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин, 370 прекршоци за неправилно и непрописно паркирање, за недавање на првенство на минување на пешаци изречени се 4 прекршоци, за непрописно престројување изречени се 34 прекршоци, за прекршоци што ги чинат пешаците изречени се 7 прекршоци, за непрописно престигнување изречени се 4 прекршоци, за недавање првенство на минување изречен е 1 прекршок кај 5 возила е утврдена техничка неисправност и со пајак возило подигнати се вкупно 382 возила.

СВР-Скопје и понатаму ќе продолжи со зајакнати сообраќајни контроли по однос на прекршоци кои доведуваат до сообраќајни незгоди и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се намалат сообраќајните незгоди.