Тематска работилница од областа на здравството за лицата со телесен инвалидитет

„Мобилност Македонија”, во својата програма за грижа на лицата со телесен инвалидитет во Република Македонија, опфаќа повеќе сегменти на делување меѓу кои организација на тематски работилнци од областа на образованието, едукација, здравствена заштита и другo.

Во организација на Мобилност Кичево, а со поддршка на Мобилност Македонија, викендов во Кичево се одржа тематска работилница со цел специфичната група „Мултиплекс склероза“ да добие повеќе информации од областа на здравството.

„Предавачите беа исклучително квалитетни, презентациите кои ги интерпретираа пред нашето членство беа содржајни, и дадоа доволно информации за одредени чекори кои тие понатаму можат да си преземат во текот на третманот на нивното заболување, се со цел да се убалжи состојбата во која тие се наоѓаат и да можат да бидат проактивни во понатамошниот процес на лечење.“– изјави Бранимир Јовановски, претседател на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет „Мобилност Македонија”.

KicevoRabotilnica3

Тој уште додаде дека „Мобилност Македонија” во текот на годината организира неколку вакви тематски работилници.

„Мобилност Македoнија има повеќе активности, но вакви тематски работилници имаме 3-4 во текот на годината. Постојат и други поголеми активности како што е масовната средба во Излет, која во средината на годината, во јуни месец ја организираме,каде што се собираат преку 400 лица од целата Македонија.На таа средба тие можат, во интерацкија меѓу нив самите, меѓутоа и со одговорните лица на “Мобилност Македонија” да ги кажат своите потреби за да можеме ние да ја планираме програмата за следната година, односно на кои топ теми да се задржиме во текот на работењето. Потоа тука се едукација на разни културно забавни едукативни и други работилници,со што програмата е комплетно исполнета, За жал, во последно време се наоѓаме во сè потешки услови на финансирање, бидејќи енормниот раст на цените и животните трошоци што нè пследат, сигурно дека не останааа без влијание на нашите организации, така што се справуваме со беспарица, меѓутоа се обидуваме она што е потребно за нашите членови да го изведеме до крај.“– истакна Јовановски.

Во наредниот период, “Мобилност Македонија” ќе го организира 21-от Републички квиз натпревар, на кој што ќе учествуваат 17 екипи од цела Македонија.

„Тоа е една активност која е оценета од стручни лица како мошне успешна, бидејќи самите лица со телесн инвалидитет можат да ги искажат своите вештини и познавања од разни области . Авторите на квизот велат дека ретко среќаваат преку 60 procenti на успешнот, на одговорени прашања составени од професионални составувачи на квизови во живо. Значи нашите емисии и нашите квизови можат да одат слободно во живо, нема потреба од преснимување, а тоа, пак, само кажува со колкав интерес овие лица со телесен инвалидитет ги следат настаните во животот. Всушност и основата е дека тие треба да бидат инклузивни, односно имплементирани во сите сфери на општественото живеење.“- рече Јовановски.

KicevoRabotilnica2