Учениците од ОУ „Дебрца“ дел од проектот „Музеите во училиштата и училиштата во музеите“

Дел од учениците на ОУ„Дебрца“ с.Белчишта во наредниот период кој следува се вклучени во интерниот проектот кој спроведува училиштето „Училиштата во музеите и музеите во училиштата“. Проектот има за цел да иницира изучување на социјалната и духовната култура на Македонија во школскиот систем,преку интересни методи на школска имплементација,во која музеите и училиштата би требало да работат заедно.

Цел на проектот е да го подигне нивото на ученичко знаење за одредени аспекти на народната култура, во духовната, материјалната и социјалната сфера, да предизвика интерес кај учениците за оваа област, да ја спознаат вредноста на овој вид културно наследство и да им се вметне љубов кон истражување, сочувување и негување на овој вид наследство низ школскиот систем и слободните школски активности.

This slideshow requires JavaScript.