Електрична енергија, природен гас, јаглен и нафтени продукти, август 2014

Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2014 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 602 178 МWh електрична енергија, 2.967 мил. nm3 природен гас, 277 544 тони јаглен и 86 498 тони нафтени продукти.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 42.3% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 91.9% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.