Уреден плоштад ќе добие Рача

ЈП „Градски гробишта„ активно учествува во изградбата на мини- плоштадот во населбата Рача.

Градежните активности се во завршна фаза. Согласно изработениот проект,мини- плоштадот кој се наоѓа на сред селото ќе биде изграден од фино обработен гранит, бетонски и бехатон плочки, по што централниот дел ќе биде соодветно хортикултурно уреден и ќе биде поставена фонтана,за што ЈП Водовод- Охрид веќе обезбеди водоводна инсталација.

Градежните работи на овој потег течат по однапред планирана динамика и план и се очекува за неколку плоштадот да биде целосно готов.

Заедничкиот проект на Општина Охрид и ЈП „Градски гробишта“ е само дел од претстојните активности на локалната власт.

Од секторот за комунални дејности,сообраќај и улици при Општина Охрид со апел до Урбаните и Месните заедници да доставуваат барања за вакви или слични проекти и активности бидејќи согласно политиките на Градоначалникот Никола Бакрачески, решавањето на комуналните проблеми на граѓани треба да биде во најтесна корелација со нив.