Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во август 2014 година, во однос на август 2013 година, изнесува 100.3

Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (7.0%), Градежништво (4.6%) и Уметност, забава и рекреација (4.2%).

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Градежништво (3.5%), Рударство и вадење на камен (2.5%) и Преработувачка индустрија (2.2%).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во август 2014 изнесува 31 080 денари. Во август 2014 година, 1.4% од вработените во Република Македонија не примиле плата.