ВМРО-НП: ДПМНЕ уште еднаш ги излажа охриѓани

ОК на ВМРО-НП Охрид, денес испрати соопштение во кое стои:

„Власта на ДПМНЕ во Охрид уште еднаш го покажа своето вистинско лице пред своите сограѓани И таман кога сите мислат дека го постигнале врвот со лагите, од владејачката партија покажуваат дека можат да одат уште повисоко.

Имено, на лагите им нема крај. Само колку за потсетување, кога ДПМНЕ беше опозиција во Охрид пред околу две години, жестоко се спротивставуваше за намерата со јавно – приватно партнерство да се градат капиталните инвестиции како автобуската станица и слични на неа. Во изборната кампања, Бакрачески како да го прифати тој модел, а сега откако поминаа две години од неговиот мандат, тие не само што нема тоа да го прават со јавно – приватно партнерство туку ќе го продаваат државното земјиште. Сето тоа остава сомнеж кај охриѓани дали воопшто ќе се изградат тие објекти откако земјиштето ќе премине во приватна сопственост.

Го повикуваме Бакрачески и ДПМНЕ да престанат да работат спротивно на интересите на охриѓани, а за задоволување на одредени лични интереси. Зборовите кои ги употребуваа во изборната кампања, како наводни спасители на градот, сега немаат никаква вредност после само две години од владеењето на Бакрачески. Не само што нема спас за Охрид, туку градот оди многу чекори наназад.“- се вели во соопштението.