Во периодот 3 – 6 ноември 2014 година, делегација на Царинската управа присуствува на Регионална конференција за гранична безбедност која се одржува во во Приштина, Косово, а е организирана од косовската гранична полиција и царина, во соработка со Програмата за контрола на извозот и гранична безбедност (EXBS) на САД.
На конференцијата учествуваат високи претставници на Граничната полиција и Царина на Албанија, Косово, Македонија и Црна Гора, претставници на меѓународните организации ICITAP, SELEC, FRONTEX, кои разгледуваат прашања поврзани со прекуграничната трговија, борбата со организираниот криминал, заканите од тероризам и предизвиците со кои се соочуваат институциите задолжени за гранична безбедност во регионот.
Разменетите искуства и согледувања изнесени на оваа регионална конференција ќе допринесат во изнаоѓање соодветни модалитети за спречување на нелегалната трговија, заштитата на животната средина и општеството, откривањето на можните закани од тероризам и организиран криминал, сé со цел зајакнување на регионалната гранична безбедност.