Акции за расчистување на локални и регионални патишта

Во текот на денешниот ден екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ ја завршија широко-опфатната акција на чистење на просторот околу регионалниот пат Охрид-Св.Наум од расфрланиот комунален отпад, која започна изминатата седмица.

Акцијата се реализира по целата должина на делницата од потегот Хидробиолошки завод до Св.Наум со вкупна должина од 30 км и собрани се околу 200 вреќи отпад (расфрлана пластична амбалажа, лименки, најлон кеси и друг отпад).

По налог на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид расчистен е и патот што води до селата Орман, Горно Лакочереј и Долно Лакочереј каде заради непречено движење на пешаци и возила отстранети се гранки и друга неуредна вегетација.

IMAG05911