Непознат сторител извршил тешка кражба во куќа во Делогожда

Вчера во Полициската Станица Струга, З.А. од с.Делогожда пријавил дека во неговата куќа oд страна на непознат сторител е извршена тешка кражба, при што е одземено мал куфер во кој имало лични документи, документи за идентификација и разновиден златен накит, со што причинил материјална штета од околу 150.000 денари.

Имено, сторителот со подесен алат ја отворил балконската врата, влегол внатре, се упатил во спалната соба ги одзел наведените работи и го напуштил лице местото. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.