Денес директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески оствари средба со Сергеј Клемен од Белорусија, кој во Македонија е во функција на супервизор на 44-от меѓународен боксерски турнир „Златен Гонг“.
На средбата се разговараше за за искуствата и успесите на македонските спортисти и идните насоки на дејствување во развојот на македонскиот бокс.
Спасески го запозна Клемен со вложувањата во македонскиот спорт и во спортската инфраструктура. Воедно, Спасески дополни дека Македонија, може да се пофали со најмногу освоени медали во боречките спортови, особено во боксот.
Сергеј Клемен истакна дека македонскиот спорт добро напредува и во иднина очекува идните млади боксери од Македонија да претставуваат фаворити на европските и светски првенства.
Клемен додаде дека во моментот од македонските боксери добро ги познава квалитетите на Вели Мумин и Примислав Димовски.
На крај од средбата Спасески се заблагодари за целокупната поддршка што Европската боксерка федерација ја посветува на развојот на боксот во Македонија.